Барселона сака стопер на Лион, францускиот клуб ја постави цената


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот клуб Лион ја одреди цената за стоперот кој се наоѓа на мета на Барселона.

Самуел Умитити е голема желба на Барселона, но постои можност да се започнат преговори. Имено, Лион за 23-годишниот стопер бара дури 32 милиони евра, а Барселона е спремна да плати 20 милиони плус бонуси од пет милиони.

Доколку дојде до договор, Умитити ќе потпише петгодишен договор со Барселона, која во ова лето остана без Марк Бартра, а се очекува да земине и Томас Вермален.

Умитити е репрезентативец на Франција, потекна во Лион, а во првиот тим е од 2011 година.

Од тогаш одигра 167 натпревари и постигна пет гола и важи за едне од најперспективните стопери во Лига 1.