Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Репрезентативецот на Шпанија, Дани Олмо постигна договор со Барселона до 2030 година, но сега останува клубовите да ја договорат висината на отштетата.
Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона испратила понуда до Лајпциг вредна над 60 милиони евра со бонуси, но само 55 милиони евра како загарантиран дел.
„Биковите“ очигледно сметаат дека таа сума е премала и наводно ја одбиле понудата од Барселона, па каталонскиот гигант ќе мора да смисли друга стратегија за да го донесе Шпанецот.