Барселона со судни маки го победи третолигашот Ибица


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Екипата на Барселона со судни маки, со гол во 94. минута се пласираше во следната фаза од Копа Дел Реј откако со 2:1 славеше  на гостувањето кај Ибица.

Третолигашот поведе против големиот фаворит уште во 9. минута со голот на Кабале. Домашниот тим постигна уште еден погодок во првиот дел но истиот беше оправдано поништен.

Во вториот дел Барселона успеа да ги постигне потребните два гола преку Антоан Гризман кој погоди во 72. минута и 94. минута.