Барселона ваков кошмарен старт немала од распадот на Југославија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона синоќа во Мадрид беше поразена со 0-1 од Атлетико Мадрид во 10. коло од шпанската Ла Лига.

Атлетико во последните 10 години под водство на Диего Симеоне игра добро против Барселона, а вчера на Каталонците им пресуди глупоста на голманот Марк Андре Тер Штеген.

Германецот истрча од својот гол во стилот на неговиот сонародник Мануел Ноер, па Јаник Караско без проблеми погоди за 1-0.

Овој пораз ја турна Барселона во криза. Каталонскиот гигант е во финансиски проблеми, дел од неговите фудбалери сака да заминат, управата си замина.

Ова предизвика очаен почеток на сезоната, а тоа го потврдува статистиката. Последен пат кога Барселона освоила 11 бодови по првите осум меча било при распадот на Југославија, во далечната сезона 1991/92.