Барселона влезе во трката за играчот кој долго време е трансфер мета на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Барселона се подготвени во летниот преоден рок да влезат во битка со својот најголем ривал, Реал Мадрид за едно засилување.

Станува збор за играчот од средниот ред на Ајакс, Дони ван де Бек за кого веќе подолг период се интересира „кралскиот клуб“.

Се верува дека Реал Мадрид веќе преговарал со агентот на холандскиот интернационалец, но работата може да им ја Барселона која во последен момент се вклучила во трката за потписот на овој играч.

Инаку, Дони ван де Бек би чинел околу 60 милиони евра, сума која не претставува проблем за двата тима од Шпанија.