Барселона во последен момент се засилува од Серија А?

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона планира да се засили со Софијан Амрабат, кој го сака на позајмица по одличните настапи на Мундијалот во Катар.

Барселона досега мируваше на трансфер-маркетот, но Чави Ернандез смета дека му треба ново засилување и затоа Каталонците тргнаа по потписот на талентираниот фудбалер.

Според шпекулациите, Амрабат најверојатно ќе се пресели во Барселона на позајмица, но во договорот ќе има откупна клаузула.