Бартомеу ја реши дилемата за иднината на Меси


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу кажа дека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ќе ја заврши кариерата во каталонскиот клуб.

Радио станицата „Кадена Сер“ минатата недела објави дека Меси сака да ја напушти Каталонија, откако ќе му заврши договорот.

„Меси кажа дека фудбалскиот пат ќе го заврши во Барселона. Не сакам да влегувам во детали затоа што во моментов сме фокусирани на натпреварување и водиме преговори со многу играчи, но Меси ни објасни дека сака да остане и дека ќе уживаме во неговите игри уште долго“, кажа Бартомеу.

На четири кола пред крајот на Ла Лига, каталонскиот клуб има четири бода помалку во однос на лидерот Реал Мадрид.