Бартомеу: Меси останува! „Марка“: Аргентинецот има три опции!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По еден од најголемите дебакли во историјата на клубот, односно поразот од 2-8 против Баерн Минхен во  четвртфиналето од Лигата на шампиони, шпанските новинари повторно пишуваат дека Лионел Меси нема да остане во Каталонија.

Меси ја мина цела кариера во Барселона, има 33 години и сите сметаа дека Аргентинецот ќе се пензионира во каталонскиот гигант, сепак медиумите не сметаат така.

Додека претседателот на клубот Жозеп Марија Бартомеу вели дека Меси сака да се пензионира во Барселона, „Марка“ пишува дека Аргентинецот има три опции.

Една од опциите е да го продолжи договорот со Каталонците, но исто така се споменува и негова можна преселба во Манчестер сити и ПСЖ, кои будно ја следат ситуацијата во Барселона, па наскоро би можеле да тргнат во напад на ѕвездата.