Бегу се изнервира и удри дете, а организаторите објаснија зошто не ја исфрлиле од Ролан Гарос (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вчера се случи несекојдневна ситуација на Ролан Гарос, кога Ирина Бегу се пласираше во третото коло на турнирот со победата против Екатерина Александрова со 6-7, 6-3 и 6-4.

По вториот гем во решавачкиот сет, мечот беше прекинат неколку минути, зашто Бегу со рекет погоди едно дете на трибините.

Инцидентот беше несреќен затоа што рекетот се одби до детето, но за среќа тоа не заработи повреда, а тенискиот свет ја обвини Бегу.

Супервизорот на турнирот разговарал со родителите на детето и тие потврдиле дека нема повреда, па така тенисерката добила само предупредување за неспортско однесување.