Бејл: Горди сме поради пласманот на СП, ќе морам да ја одложам пензијата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Герет Бејл освои многу трофеи во текот на кариерата, а сега постигна уште еден голем успех со репрезентацијата на Велс.

Бејл му помогна на својот тим да избори место на Мундијалот во Катар, а ова ќе биде нивни прв настап на големото натпреварувње по пауза од 64 години.

Искусниот фудбалер ова лето си заминува од Мадрид, па засега се шпекулира каде би ја продолжил кариерата, иако имаше коментари и дека ќе се пензионира.

„Ова не се опишува со зборови. Си го остваривме сонот со пласманот на Светското првенство. Горди ќе бидеме на овој успех. А каде ќе играм следната сезона? Не знам, имам многу понуди и не мислам на тоа, но најверојатно ќе мора да ја одложам пензијата“, кажа Бејл.