Бејл заигра и постигна погодок против Арсенал, Асенсио тешко повреден

Реал Мадрид после пенали го совлада Арсенал на Интернационалниот Куп на шампиони.

Кралевите успеаа да ги стигнат двата гола минус на овој меч. После 90 минути игра беше 2-2, а после пенали Реал славеше со 3-2.

Натпреварот лошо започна за тимот од Мадрид. Начо веќе после девет минути игра мораше да го напушти теренот поради два жолти картони, а во 10, минута Лаказет погоди од пенал за водство на Арсенал од 0-1.

Во 24. минута Кралевите примаа нов гол. Обамејанг го постигна вториот погодок за Арсенал.

Во финишот на првиот дел Сократис доби втор жолт и Арсенал остана без еден играч.

Ова Реал го искористи, па преку Бејл во 56. и Асенсио во 59. минута успеаа да дојдат до 2-2, но резултатот до крајот на регуларниот дел не се смени, па на пенали славеше Реал.

Треба да се истакне дека Асенсио во 65. минута доживеа тешка повреда на коленото и се препоставува дека долго време ќе биде надвор од терените.

Баерн со голот на Леон Горетски го совлада Милан со 1-0, а и овој меч беше обележан со повреда. Новиот играч на Росонерите Тео Хернандез ја напушти играта во финишот на првото полувреме поради повреда на зглобот.