Бекам го купи Интер Мајами за 25 милиони долари, а сега вреди 1,5 милијарди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси пристигна во Интер Мајами пред неколку дена, а веднаш се зголеми и бројот на фанови на клубот, со тоа што профилот на Инстаграм од 900.000 фанови се зголеми на 6,5 милиони.

Еден од најзаслужните за негов ангажман е Дејвид Бекам, кој го купи тимот од МЛС-лигата за само 25 милиони долари, а сега истиот вреди неверојатни 1,5 милијарди.

Секако, вредноста на тимот не се зголеми само со доаѓањето на Меси, туку и со инфлацијата во САД и останатите фактори, кои ќе влијаат таа уште повеќе да расте.