Бекам го носи Азар кај Меси во Интер Мајами


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам летово го донесе Лионел Меси од ПСЖ во Интер Мајами, а наскоро планира да потпише договори со уште неколку ѕвезди.

Бекам имаше успешни преговори и со Серхио Бускетс, а најнова желба му е потпис со Еден Азар кој си замина летово од Реал Мадрид.

Белгиецот го прекина договорот со „кралевите“, иако имаше уште една година од неговиот договор, па сега бесплатно може да избере каде ќе игра следната сезона.

Азар размислуваше и за пензионирање, меѓутоа Белгиецот доби примамлива понуда од МЛС-лигата, па би можел да одигра барем уште една сезона.