Бекам нема дилема кој е најдобар: Роналдо не е на нивото на Меси, Аргентинецот е генијален!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прославениот англиски фудбалер Дејвид Бекам го даде своето мислење на вечната дилема за тоа кој е најдобар во целиот свет – Лионел Меси или Кристијано Роналдо.

На фудбалската генијалност на двајцата играчи никој не може да остане рамнодушен, па ниту Бекам.

„Меси и Роналдо, па потоа сите останати фудбалери. Меси е единствен и нема никој друг како него. Роналдо не е на негово ниво и тоа е тоа. Решив да одам во пензија во моментот кога Аргентинецот ме претрча“, кажа Бекам.

Бекам и по завршување на фудбалската кариера остана во фудбалот, но сега се занимава со менаџерска работа и го предводи Интер Мајами, во кој сака да го ангажира токму Меси.