Бекер го брани Ѓоковиќ: Ако не е вакциниран, не значи дека е лош човек!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борис Бекер, поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, застана во одбрана на српскиот тенисер откако беше затворен во хотел во Мелбур.

Во интервју за „Билд“, трикратниот освојувач на Вимблдон кажа дека се надева на добар крај на целата драма.

„Мора да ја почитувате својата одлука. Тоа што не сте вакцинирани, не значи дека сте лош човек. Новак имаше медицински исклучок, заедно со уште петмина други. Тие контактирале директно со Австралијан опен и тоа било професионално завршено“, смета Бекер.

Борис кажа дека ги разбира Австралијанците кои во претходните две години се наоѓаат во спефицична ситуација.

„Не ги прекршил правилата, на сите ни е познато дека може да игра, но очигледно некои Австралијанци не си ги виделе семејствата цела година и ја разбирам нивната реакција, но сакам да го брана Ѓоковиќ зашто тој нема да оди во Мелбурн ако не добиеше дозвола“, вели Бекер.