Бекер се жали на затворските услови: Ова не човечки…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борис Бекер, поранешниот тенисер, во моментов е во затвор, каде што треба да остане две ипол години, освен ако не добие помилување.

Трикратниот шампион на Вимблдон во моментов се наоѓа во затвор во Лондон, а тој е сам во ќелија и е заклучен во период од 20 часот навечер до 7 наутро.

Англиските медуми пишуваат дека Германецот се соочил со првите проблеми, а на пријателите им се пожалил на лошата затворска храна.

„Во моментов му е тешко да се навикне, а најлоша е храната. Не може да верува дека добиваат малку храна. Сепак, ќе мора да се прилагоди. Исто така, изненаден е од хигиената во затворот кој е преполн. Условите се мизерни, не се човечки“, вели пријател на Бекер.