Бекер за престојот во затвор: Морав да се дружам со опасни луѓе…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тенисер Борис Бекер кажа дека морал да се дружи со опасни луѓе во затворот за да преживее.

Бекер во интервју за „5 Лајв Брекфест“ откри што му се случувало во затвор, каде што помина осум месеци поради долгови.

„Тоа е вистинска казна. Тоа е тежок живот за некој кој доаѓа од место како мене. Никогаш не сум бил затворен, па беше навистина брутално. Многу поинакво искуство од тоа што го гледате на филмовите. Морав да се дружам со опасни луѓе за да преживеам. Затворот е опасен, тоа е незгодно место, секој ден се борите за опстанок“, вели Бекер.