Беласица ги промовираше новите две засилувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Беласица потврди дека потпишала договори со Христијан Делевски, кој игра како дефанзивец, додека во екипата пристигна и голманот Стефан Митревс.

Тимот ги почна подоготвките за новата сезона уште пред една недела, односно на 7 јули, а во следниот период им следат пет пријателски меча.

Најпрво ќе се соочат против ФК Детонит на 21 јули, па следи меч против ФК Кожуф на 24 јули, а една недела подоцна и против ФК Борец. На 7 август ќе играат против ФК Каменица Саса, додека последниот контролен дуел е закажан против ФК Кит-Го на 14 август.