Белгија ја декласира Унгарија за пласман во четвртфиналето!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Белгија се пласира во четвртфиналето на ЕП. Црвените ѓаволи вечерва во Тулуз ја победија Унгарија со 4:0 и на тој начин остварија пласман меѓу осумте најдобри тимови во Европа.

Одлично прво полувреме е видено во овој дуел Белгија доминираше, Кевин Де Брујн прв се закани после осум минути игра, а само две минути подоцна селекцијата на Марк Вилтомс стигна до водство.

Де Брујн уфрли, а Тоби Алдервајрелд е прецизен за предност од 1:0. Де Брујн е во шанса во 15 минута, Кирали одлично брани, а на другата страна Џуџак шутираше добро кон Куртоа, кој добро брани.

Имаа Белгијците уште неколку добри шанси до крајот на првото полувреме. Најдобрата ја пропушти Де Брујн. Шутираше од слободен удар, но Габор Кирали со помош на пречката одлично брани.

Потоа унгарскиот голман го запре и Мертенс, па на одмор се отиде со минимално водство на Белгија од 1:0.

Продолжението истотала донесе одличен меч. Второто полвреме со обид го отвори Еден Азар, но Кирали повторно е сигурен. Врати потоа Унгарија. Неколку одлични удари имаа кон голот на противничкиот гол, а Адам Салаи беше многу блиску до погодок, но неговиот удар од блокот отиде под стативата, а потоа Куртоа бран и уште еден удар на Пинте во 66 минута.

Сепак, до крајот Белгија стигна до уште три гола. Прво во 79 минута Мичу Батшуаји го зголеми резултатот на 2:0, а веќе во наредниот напад Еден Азар погоди за големи 3:0. Конечните 4:0 ги постави Караско со погодок во судиското продолжение. Ривал на Белгија во четвртфиналето е селекцијата на Велс.