Белоруска тенисерка се жали: Ништо не сум згрешила, а сите ме мразат!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Втората тенисерка на ВТА-листата, Арина Сабаленка вели дека останатите тенисерки се однесуваат чудно кон неа и чувствува омраза во соблекувалната.

Сабаленка вели дека не направила ништо погрешно, туку дека доаѓа само од Белорусија и поради тоа ја мразат нејзините колешки.

„Тешко ми е да разберам зошто се случува тоа. Јас не сум направила ништо лошо. Можам да ја разберам омразата на социјалните мрежи, но не можам да го разберам тоа во соблекувалната. И не само со украинските тенисерки, туку и со членовите на нивните тимови“, вели Сабаленка.

Руските и белоруските тенисери и тенисерки мора да настапуваат под неутрално знаме и да не носат обележја на нивните земји по војната во Украина.