Бенатија искрен: Пеп е најдобар тренер за тактика, но со играчите…


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Актуелниот стратег на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола важи за еден од најдобрите тренери на денешницата.

Шпанецот во својата кариера освен „граѓаните“ ги водеше и тимовите на Барселона и Баерн Минхен, а токму на времето поминато во Минхен се присети и Мехди Бенатија кој истакна дека Гвардиола бил најдобриот тренер за поставување на тактика, но дека не се однесувал баш најдобро со играчите.

„Тактички е најдобар тренер на светот, не гледам никој подобар, но од аспект на односот со играчите мислам дека не е на потребното ниво. Мене тоа не ми се допаѓаше. На почетокот ми беше добро, бев најплатен дефанзивец во историјата на Бундеслигата. За жал повредите ме стопираа и да бидам искрен многу ми недостигаше Италија. Не се прилагодив добро и по компликуваната втора година сторив се за да се вратам во Италија“ –изјави Бенатија.