Бензема го „навреди“ Жиру: Јас сум Формула 1, а тој е обичен картинг!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема кажа дека никој не треба да ги споредува него и репрезентативецот на Франција и фудбалер на Челси, Оливие Жиру.

Жиру со Франција пред две години стана светски шампион, а напаѓачот на „кралевите“ тогаш не играше за репрезентацијата, од која беше исфрлен по скандалот поради уцената на Матје Валбуена.

„Не споредувајте Формула 1 со картинг. И пристоен сум што ви го кажувам ова. Знам дека јас сум Формула 1“, кажа Бензема за споредбите со напаѓачот на „сините“.

Жиру за Франција досега одигра 91 меч и постигна 39 гола, но Бензема смета дека тоа не е ништо спектакуларно.

„Тоа што го прави Жиру не е спектакуларно, ниту нешто посебно. Тој има посебна улога“, вели Бензема.