Бензема ја расплака Барселона на „Камп ноу“ (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид славеше во дербито против Барселона со убедливи 4-0 и така обезбеди финале во шпанскиот Куп, а неверојатна ноќ имаше Карим Бензема кој постигна хет-трик.

Нервозата кај домаќините беше присутна од самиот почеток, а Винисиус Жуниор во 46. минута погоди за водство на „кралевите“.

На почетокот на второто полувреме Бензема постигна два гола и така ѝ донесе убедлива предноста на гостинската екипа од 3-0, а победата ја потврди Французинот со неговиот трет погодок во 81. минута од средбата.

Шпанскиот шампион во финале ќе се бори против Осасуна, која вчера го елиминира Атлетик Билбао.