Бензема можел да се врати во Катар, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид нема да му прави проблем на Карим Бензема да се врати во Катар за финалето на Франција против Аргентина, но искусниот напаѓач решил да остане во Шпанија.

Француските медиуми објавија дека постои можност Бензема да се врати во француската репрезентација, зашто и селекторот Дидие Дешам не го отпиша.

Дешам не сака да го врати во тимот, иако не го потврди тоа официјално, меѓутоа самиот напаѓач ја отфрлил таа можност и не им се приклучи на колегите.

Бензема сметал дека нема смисла да се враќа во Катар само за финалето затоа што ги пропуштил останатите дуели.