Бензема му дава „наредби“ на Менди поради соиграч: Тој игра против нас! ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид и во вториот меч во Лигата на шампиони не успеа да победи, односно средбата на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах заврши 2-2.

Француски „Телефут“ објави сцена која го одбележа мечот, кога Карим Бензема му се жали на сонародникот Ферланд Менди на играта на Винисиус Жуниор.

„Прави што сака. Играј со мене. Тој е против нас“, вели Бензема за играта на Винисиус.

 Искусниот напаѓач на дефанзивецот му се обрати на француски јазик зашто бразилскиот фудбалер беше во близина и можеше да ги слушне неговите колеги, но не и да ги разбере.

Неколку секунди подоцна при влегување на теренот камерите „уловија“ сцена како Бензема му објаснува на Винисиус да игра на теренот.