Бербатов: Манчестер Јунајтед има голема шанса, за тоа сите се свесни


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов верува дека „ѓаволите“ имаат голема шанса да се изборат за пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

Екипата на Оле Гунар Солскјер пред продолжувањето на Премиер лигата е на петтата позиција со три бода помалку од четвртопласираниот Челси.

„Голема прилика е пред Манчестер Јунајтед и во тимот се свесни за тоа. Се надевам дека ќе бидат подготвени за предизвикот, затоа што три бода заостанување не е голема разлика“ –изјави Бербатов.

Бугаринот потоа се осврна на фактот што Јунајтед ќе биде засилен со Пол Погба кој по долга пауза ќе се врати на терените.

„Тоа се прекрасни вести, но опасно е затоа што тој долго нема играно. Се враќа од тешка повреда и секогаш е проблематично и можеби ќе влијае на неговите игри. Ќе биде интересно да видиме дали Солскјер веднаш ќе го користи. Ќе имаме прилика прв пат да го гледаме заедно со Бруно и би можеле да бидат супер тандем“ –изјави Бербатов.