Почнува нова ера во Милан: Берлускони и официјално го продаде клубот, Милан стана кинески!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот гигант Милан денеска и официјално е продаден на Кинезите.

После големи шпекулации во претходните месеци за Росонерите да завршат во рацете на кинеските богаташи, тоа на крајот и се случи, и Силвио Берлускони екипата од Сан Сиро ја продаде на кинеските конгломерати

Кинезите ќе издвојат 700 милиони евра за купување на овој клубк, вкучувајќи и наследени долгови од  250 милиони евра.

Постојат многу клаузули во купувањето. Така инвеститорите ќе мора да вложат 350 милиони евра во клубот во наредните три години, и ќе мора да уплатат депозит од 100 милиони евра.

Со оглед на вредноста на договотот и клаузулите, Милан во наредните години повторно може да зачука на вратата на европскиот врв.