Берлускони шармира и во болница, Милан блиску до првото засилување!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Ништо не се менува кога Силвио Берлускони е во прашање. Навивачи го чекаат расплетот, договорено е првото засилување.

Силвио Берлускони ја преброди операцијата, погодувате што се случи штом се разбуди после интервенцијата на срцето.

„Неверојатен е, на сите се заблагодарува, а една од нашите медицински сетри, атрактивната Кристина, одма и понуди работа на телевизија“, рече лекарот кој го оперираше Берлускони.

Сопственикот на Милан се чувствва одлично, навивачите чекаат да се опорави со цел да го видат расплетот околу продажбата на Кинезите.
Со нив или без нив, засилување е договорено.

Галијани успеа да пронајде заеднички јазик со Ѕампарини, Аргентинецот Франко Васкес стигнува во Милан.

Ил Мудо, односно “Тихи“ како што го викаат во татковината најверојатно на првиот ден од преодниот рок ќер стане играч на Милан. Аргентинецот беше мета на големите клубови и во минатото лето кога блескаше во тандем со Дибала, но Ѕампарини не сакаше да ги продаде двајцата.
Сега Васкез ќе замине во Милан, веќе рече дека е време за голем клуб, ова ќе биде негова шанса во кариерата. Има 27 години, четири во Италија, беше на позајмица во Рајо Ваљекано пред неколку сезони.

Во минатата година беше прв асистент, игра на позиција офанзивен играч за врска, а дебитираше за Италија како „Ориундо“, доби пасош, мајма му е Италијанка.