Бесниот Суарез доби порака: Почитувај го клубот и колегите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез не беше презадоволен со фактот дека беше заменет во мечот против Салцбург.

Атлетико Мадрид славеше со 2-0 и обезбеди пласман во нокаут-фазата од Лигата на шампиони, но Уругваецот на клупата покажа големо незадоволство.

Не му се допадна тоа што беше заменет. Сите можеа да забележат по неговото однесување на клупата, а лекција му одржа легендарниот Кико.

„Не ми се допаѓа неговата реакција. Мора повеќе да биде самокритичен, не играше добро и на Атлетико му требаше нешто друго во моментот. Мора да го почитува клубот и колегата кој го замени. Како поранешен фудбалер, не ми се допаѓа неговата реакција“, кажа тој.