„Бев заклучен во соба седум-осум дена, но најмногу се исплашив кога не можев да дишам“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот шпански голман Пепе Реина пред две недели откри дека е позитивен на коронавирус. Реина неколку дена ги имал симптомите на вирусот, по што се тестирал и неговиот тест бил позитивен.

Голманот за италијанските медиуми откри дека било многу страшно искуство за него, посебно кога имал проблем со дишењето.

„Во изолација сум откако ги забележав првите симптоми на вирусот. Имав проблеми со дишењето, кашлав и имав главоболка како никогаш досега во животот. Бев уморен. Но, тоа што ме исплаши беа проблемите со дишењето. Ми беа потребни 25 минути за да дојдам до здив. Чувствувам дека моето грло е затворено и дека не може да помине воздухот“, вели Реина.