Без дилема: Меси е најплатен фудбалер на светот, лидер е пред Ронало и Нејмар…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Барселона, Лео Меси со 130 милиони годишно е најплатен играч на светот, гледајќи ги сите приходи. Аргентинецот најмногу пари заработува кога ќе се соберат платата во клубот, бонусите и приходот од маркетинг, на второ место е ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо со 113 милиони, а на третата позиција е напаѓачот на ПСЖ, Нејмар со 91,5 милиони.

Зад тројцата најплатени има голема дистанца на листата, објави Гол.

Па така, четврти е Антоан Гирзман со 44 милиони, потоа следат Герет Бејл со 40,2, Иниеста со 33, Алексис Санчез од Манчестер Јунајтед со 3,7, Фелипе Кутињо со 30, Лавеци од кински Хебеи со 28,3, а Топ 10 листата ја затвора голгетерот на Барселона, Луис Суарез со 28 милиони.

Интересно е што на листата 20 најплатени го нема добитникот на ФИФА и УЕФА наградата за најдобар фудбалер на светот за 2018. година, Лука Модриќ.