Без разлика на забраните: Ѓоковиќ оваа сезона заврши во топ-8!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По една тешка сезона со многу забрани, Новак Ѓоковиќ успеа да направи чудо и да обезбеди место меѓу најдобрите осум тенисери на АТП-листата.

На Ѓоковиќ не му беше дозволено да игра на Австралијан опен и на Ју-Ес Опен, а потоа му забранија да настапи и на Индијан Велс, Мајами, Монтреал и Синсинати, по што не доби ниту еден бод за освојување на титулата на Вимблдон.

Интересно е тоа што без разлика на забраните, тој може да заврши во топ-5 ако оствари добри резултати на Мастерсот во Париз (каде што стигна до полуфинале) и на завршниот Мастерс во Торино.

Ѓоковиќ имаше можност да игра на девет турнири оваа година, при што стигна до четвртфинале во Дубаи, второ коло во Монте Карло, финале во Белград, полуфинале во Мадрид, титула во Рим, четвртфинале на Ролан Гарос, титула на Вимблдон, титули во Тел Авив и Астана, како и полуфинале во Париз (има можност да стигне и до трофејот).