Бисер на Ајакс го напушта Амстердам во трансфер кој ќе ја стресе Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот фудбалер Дони ван де Бек е уште еден во низата фудбалери, кои со одличните настапи ја воодушевија фудбалската јавност.

Откако Френки де Јонг потпша за Барселона, а Матијас де Лихт наскоро ќе му се приклучи на „Камп Ноу“, Ајакс ќе остане без уште еден бисер.

Ван де Бек се наоѓа на мета на голем број европски клубови, а посебно заинтересирани се Тотенхем и Баерн Минхен. Баварците се подготвени да платат 60 милиони евра, колку што нуди и англискиот клуб.

Фудбалерот сезонава одигра 57 натпревари за Ајакс и постигна 17 голови и 13 асистенции, а Тотенхем во него гледа замена за Кристијан Ериксен, кој најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид.

Од друга страна, Баерн прави ремонт на екипата, па сака да го подмлади составот, а токму Ван де Бек е таков тип на фудбалер, кој им недостига.