Битка на титаните: Поен меѓу Ѓоковиќ и Зверев кој траеше 53 удари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Ју-Ес Опен, а со Александар Зверев одигра неколку неверојатни поени, од кои еден траеше неверојатни 53 удари.

Еден неверојатен маратон забележавме на сет-топка на Ѓоковиќ и притоа беа разменети одлични удари од двете страни.

За жал, поенот на крајот Ѓоковиќ го загуби, но Зверев беше изморен и не успеа да ја спаси втората сет-топка.