Бивш фудбалер на Лацио избега од Косово: Го раскина договорот откако ги виде соблекувалните!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Лацио, Луис Педро Каванда пред неколку дена потпиша договор со Трепча од Косово, меѓутоа кога видел каде ќе игра, веднаш решил да го раскине договорот.

Белгиецот постигна договор со претседателот на Трепча и бил задоволен од финансиската понуда која ја добил, а проблемот се создал кога го однеле на стадионот.

„Каванда беше кај нас, му плативме билет, хотел, му ја покажавме Приштина, го водевме по луксузни ресторани. Им реков на соработниците дека се плашам да не избега. Во тој момент кога влезе во соблекувалната, тој повеќе не сакаше да остане. Кога ја виде соблекувалната, не остана повеќе од 10 секунди во тимот“, велат од Косово.