Бивш хрватски голман по земјотресот во Турција: Беше ужасно…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот хрватски голман Марио Галиновиќ кој работи во турскиот град Газиантеп раскажа низ каков ужас поминал со сопругата по земјотресот од 7,7 степени според Рихтеровата скала.

Галиновиќ вели дека ситуацијата во турскиот град е ужасна по земјотресот.

„Голема катастрофа. Неколку часа седиме со сопругата во автомобилот и чекаме да прекине. По големиот потрес, имаше и еден послаб. Брзо истрчавме надвор и чекавме да се смири“, кажа Хрватот.

Во катастрофалниот земјотрес загинаа над 600 лица, а над 2.600 се повредени.