Бивш напаѓач на Евертон ја славеше победата против Ливерпул, но се сети и на Куман 📸


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Умар Ниасе во минатото играше за Евертон, кој го плати 13,5 милиони фунти на Локомотив Москва, но 30-годишниот фудбалер сега е слободен.

Ниасе во Евертон беше во сезоната 2016/17, а за негова несреќа тренер тогаш им беше Роналд Куман, кој веднаш го исфрли од екипата.

Сенегалецот беше на позајмици во Хал сити и Кардиф, но сега е без екипа. И покрај тоа, тој реши да го прослави триумфот на „карамелите“ против Ливерпул со 2-0.

Успешната недела, како што вели и самиот, ја надополни со триумфот на ПСЖ против Барселона од убедливи 4-1.