Бивш напаѓач на Реал Мадрид: Анчелоти има среќа, знае ли кој го создаде?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид се пласираше во полуфинале на Лигата на шампиони (ЛШ), откако претходно успеа да ги елиминира ПСЖ и Челси.

Пласманот во следната фаза го обезбедија многу тешко затоа што ривалите имаа квалитетни состави, а следен противник ќе им биде Манчестер сити.

Поранешниот напаѓач на „кралевите“, Антонио Касано го критикуваше тренерот Карло Анчелоти за кој кажа дека имал среќа.

„Реал Мадрид играше многу лошо против ПСЖ и Челси, а Анчелоти имаше среќа. Мислам дека тоа беше пресудно. Реал не е добар ниту во Ла Лига, Барселона имаше лош почеток на сезоната, но сега ситуацијата е поразлична“, вели Касано.