Бивш помошник на Клоп ќе ја тренира Црвена Звезда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српските медиуми пишуваат дека спортскиот директор на Динамо Москва, Жељко Бувач ќе биде нов тренер на Црвена Звезда.

„Спортклуб“ објави дека Барак Бахар ќе остане на клупата до крајот на полусезоната, по што се очекуваат промени во вториот дел од сезоната.

Главен кандидат за кормилото на Ц. Звезда е поранешниот помошник на Јирген Клоп од Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул.

Бувач е желба на техничкиот директор Марко Марин, кој одбил да прифати враќање на Владан Милојевиќ на кормилото на српскиот гигант.