Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тони Крос в петок ќе излезе на теренот против Шпанија, а веќе е познато дека настапот на Европското првенство (ЕП) ќе му биде последен во кариерата.
Крос во петок ќе се соочи со неколку познати лица, меѓу кои се Начо, Дани Карвахал и Хоселу со кои играше во шпанскиот гигант Реал Мадрид.
Хоселу на два дена пред четвртфиналето испрати „отровна стрела“ кон Крос.
„Се надеваме дека тоа ќе му биде последен меч во кариерата. Се надеваме дека в петок ќе го пензионираме“, кажа Хоселу.
Крос на ова даде краток одговор и кажа дека ги разбира зборовите на неговиот пријател.
„Кажа дека сака да победи, го познавам и знам на што мислеше. Го разбирам, но смешно ми е тоа што го кажал. Мислам дека во петок нема да биде последен меч за мене“, кажа Крос.