Бивш возач во Ф1 си го уништи возилото од два милиони евра! (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешниот возач во Формула 1, Германецот Адријан Зутил го скрши еден од најскапите спортски автомобили во светот.

Овој 37-годишен германски возач се возел по Монако во својот Мекларен, а во еден момент загубил контрола.

За среќа, поранешниот возач не се повредил, но автомобилот му беше распарчен и сигурно нема да може да го вози повеќе

Иронично е тоа што Зутил имаше судир на иста локација каде што во текот на кариерата во Ф1 имаше неколку инциденти.

Неговото возило беше едно од најдобрите во светот, а достигнуваше брзина од 340 км/ч. Исто така, специјалната верзија на возилото беше произведена во 24 примероци.