Блатер крена голема „прашина“: Меси беше фаворит, но ми се јави Перез и потоа „Златната топка“ ја освои Роналдо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер даде интересно интервју за медиумите, а најмногу внимание предизвика изјавата за доделување на „Златната топка“ од 2013 година.

Блатер крена голема „прашина“ откако кажа дека Лионел Меси бил фаворит според него за освојување на наградата, зашто играл фантастично, а веднаш потоа му се јавил претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

„Пред доделување на наградата во 2013 година, јас кажав дека Меси е фаворит, по што ми се јави Перез и побара да ја повлечам изјавата или да ја променам. Јас му кажав дека си имам свое право на глас, но тој ми кажа дека сум почесен член на Реал и такви работи не се дозволени. Потоа наградата замина во рацете на Роналдо“, порача Блатер.