Блескаше на венчавка: Атрактивна тенисерка се венчаше за милијардер од Македонија 📸

Романската тенисерка Симона Халеп се венчаше за 42-годишен милијардер од Македонија. Тие двајца беа во љубовна врска две години, а сега решија да ја крунисаат со брак.

Поранешната шампионка блескаше на венчавката во Констанца, каде што беше родена Халеп.

„Многу сум возбудена. Тенисот останува важен, но сонував за венчавка и навистина сум среќна“, вели Халеп.

Нејзиниот сопруг поседува неколку фирми и има огромно богатство, но и два неуспешни брака зад себе.