Боатенг направи многу грешки во Барселона: Непрофесионализам кој ретко се гледа и карта во еден правец!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кевин-Принц Боатенг го разочара раководството на Барселона со својот однос кон екипата.

Германскиот фудбалер доби голема шанса со потпис на шест-месечниот договор со Барселона. Донесен беше за да ја засили конкуренцијата во офанзивниот дел на екипата, но 32-годишниот напаѓач со својот однос ги разочара сите.

Барселона одвај чека да поминат шест месеци како би се отргнала од Боатенг кој ќе се врати во италијанскиот тим Сасуоло со кој има договор.

Новинарот Хави Мигел откри:

„Боатенг го разочара раководството на клубот и тренерите со својот непрофесионализам. Не сака да тренира премногу и одби да оди на волонтерска работа со екипата во текот на неделата. Сите се надеваа дека таму ќе се појави, но погрешија. Ги разочара сите во клубот!“, изјави Мигел.

Во дресот на каталонскиот великан, Боатенг се појави се на се два пати, а сега е јасно зошто тој не добил повеќе шанси за игра.

Исто така, заради овие работи кои ги прави надвор од теренот, не е ни чудо зошто не останал да игра премногу.