Боели не штеди пари: Челси плаќа 22 милиони евра за смена на тренерот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиерлигашот Челси реши да го отпушти Томас Тухел од тренерската позиција, а на неговото столче се очекува да стигне Граам Потер од Брајтон.

Потер во претходните години ја воодушеви англиската јавност со резултатите на Брајтон во Премиерлигата, а Челси за неговите услуги ќе треба да му плати 15 милиони евра на тимот.

Лондонскиот гигант летово потроши многу пари, односно околу 300 милиони евра на засилувања, откако ги купи Весли Фофана, Калиду Кулибали, Рахим Стерлинг, Пјер-Емерик Обамејанг, Керни Чуквуемека, Марк Кукуреља и голманот Габриел Слонина.

Новиот газда Тод Боели претходно го купи премиерлигашот од Романо Абрамович за пет милијарди фунти.