Богдановиќ го напушти Сакраменто, со грчки ѕвер ќе ја нападне титулата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милвоки бакс подготвуваат уште еден напад на НБА-титулата, но овој пат со српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ во нивните редови.

Богдановиќ ќе се обиде да му помогне на Јанис Адетокумпо да остварат подобар пласман од минатата сезона, а во тоа ќе се обиде да им помогне и Холидеј од Њу Орлеанс.

Богдановиќ со Сакраменто имаше договор на уште една година, меѓутоа ја искористи опцијата да излезе на пазарот и да ги слушне понудите, а оваа која ја доби од Милвоки беше примамлива за српскиот бек.

На неа влијаеше и одлуката дека ќе биде во екипата, која е конкурент за титулата, и тоа со грчкиот ѕвер, кој ќе ја продолжи соработката со Милвоки.

Минатата ноќ во НБА се појави уште една вест, а тоа е дека Џејмс Харден одбил понуда од 50 милиони долари по сезона и најавил преселба во Бруклин нетс.