Богдановиќ се сели во поранешниот тим на – Перо Антиќ!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Богдан Богдановиќ требаше да се пресели во Милвоки, но тоа не се случи, а американските медиуми потоа објавија дека српскиот кошаркар ќе потпише договор со Атланта хокс.

Богдановиќ е ограничено слободен кошаркар, па договорот е потпишан на четири години во вредност од огромни 72 милиони долари.

Тоа значи дека сега на потег е Сакраменто, за кој Богдановиќ настапуваше минатата сезона, а кој сега има опција да ја изедначи понудата на Атланта и така да го задржи бекот.

Сакраменто има 48 часа за да го направи тоа или Богдановиќ ќе стане кошаркар на Атланта. Доколку кингс ја израмнат понудата, тогаш Србинот ќе има клаузула за забрана за трејд и нема да може да се пресели во Атланта.

Овој 28-годишен бек од 2017 година е во Сакраменто, а во регуларниот дел на минатата сезона имаше просек од 15,1 поен, 3,4 скокови и 3,4 асистенции.