Богдановиќ со јасна порака по суспендирање на НБА-сезоната: Немој да паничите! (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ се надева дека ситуацијата наскоро ќе се реши и дека ќе прекине пандемијата со коронавирусот, кој се прошири и зарази многу луѓе ширум светот.

Центарот на Јута џез, Руди Гобер беше позитивен на тест на коронавирусот и НБА-лигата не сакаше да ризикува, па најпрво одложи два меча, а потоа го суспендираше и цело првенство на неодредено време.

Токму мечот меѓу Сакраменто и Њу Орлеанс, кој требаше да се игра синоќа беше откажан, а српскиот репрезентативец се огласи на Твитер.

„Се надевам дека ова нема да трае долго и дека сите ќе останат сигурни. Чувајте се и бидете паметни. Немој да паничите, тоа не помага. Се гледаме наскоро“, напиша Богдановиќ.