Болна исповед на младиот Аргентинец: Кога не можам да заспијам, одам и пијам, а тоа е постојано…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатото на Рикардо Сентурион е приказна за себе. Многу квалитети и многу тежок карактер за контролирање. Дури и Рацин, неговата екипа од родниот крај морала да го отстрани од првиот тим.

Токму кога беше блиску до враќање во тимот, Сентурион повторно беше исфрлен од екипата бидејќи го нападна тренерот. Одлука околу која клупското раководство немаше никаква дилема.

Гостувајќи во емисијата Фокс Спорт, призна дека се опива речиси секоја вечер иако неговите најблиски се обидуваат да го убедат да не го прави тоа.

„Ќе бидам искрен. Ноќите во кои не можам да заспијам одам и пијам по некој пијалок. Тоа се случува постојано. Мајка ми и баба ми, ми велат дека ќе зажалам. Ако пријателите велат дека одат да спијат, им велам дека можам да излезам и без нив“, истакна 26-годишниот фудбалер.

Многу екипи на Сентурион му даваа втора шанса. Двапати играше во Европа, на двапати го носеше дресот на Џенова, но не успеа да го покаже својот талент. Уште настапуваше и за Сао Паоло и Бока Јуниорс.