„Бомба“: Мбапе доаѓа во Мадрид во среда!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Француските медиуми објавија дека Килијан Мбапе не е задоволен во ПСЖ, иако минатото лето потпиша договор до 2025 година, па наводно ќе оди на преговори во Мадрид.

Долго време траеше сагата на Мбапе за преселба во Реал Мадрид, по што на крајот реши да го одбие шпанскиот гигант и на крајот остана во Париз.

Шпански „Кориере де ла Хиспанидад“ објави дека францускиот фудбалер би можел да стигне во Мадрид по дуелот меѓу ПСЖ и Бенфика во Париз.

Засега нема потврда за неговата посета на Мадрид, ниту причината поради која ќе го посети главниот град на Шпанија, но повеќе од јасно е дека нешто се „крчка“, па наскоро би можеле да го видиме Мбапе во дресот на европскиот и шпански првак.